По неотповикливата оставка на Груевски

Централниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за вонреден конгрес

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе одлука за одржување на вонреден конгрес на партијата. За оставката на претседателот на партијата Никола Груевски, членови на Извршниот комитет велат дека таа е неотповиклива.

Според одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вонредниот конгрес ќе се одржи на 23 декември во Валандово, кога ќе треба да се избере нов претседател.

Пред седницата на ЦК Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет рече дека оставката на Груевски ќе биде прифатена бидејќи тој ја најавил како неотповиклива.

Седницата на ЦК сѐ уште трае и се утврдува дневниот ред за вонредниот конгрес и рокот за доставување на кандидатури за избор на нов претседател на партијата.

„Помалку е битно новото име за претседател на партијата, повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата како една здрава опозиција“, рече Милошоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред вечерашниот состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не е исклучена можноста тој да биде иден претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но кој и да биде избран, ќе стане премиер по следните парламентарни избори.

„Било кој да застане на чело на партијата јас сум сигурен и убеден дека тој во иднина ќе го порази Зоран Заев и ќе ја предводи македонската влада“, изјави вечерва Мицкоски пред влегувањето во партиското седиште.

А.Д.

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе