Богоев: 10.000 евра неповратни средства за младите земјоделци

Преку проектот Млад земјоделец, Владата со 10.000 евра неповратни средства им помага на младите регистрирани земјоделци да започнат сопствен бизнис, да го прошират производството и да внесат нови и модерни технологии со што ќе го зголемат производството и конкурентноста на пазарот, информираше Стефан Богоев од СДСМ.

„Ваква мерка постоеше и претходно, но со критериум „прв дојден прв услужен“, па при брзањето да се распределат, парите често не завршуваа кај вистинските земјоделци. Сега, со измените на Програмата за рурален развој што ги донесе Владата предводена од СДСМ, се воведоа нови критериуми со што парите ќе завршат кај вистинските земјоделци. Доделувањето парични средства ќе се одвива отчетно, професионално и неселективно, а не според партиска подобност или неподобност како до сега“, рече Богоев на прес-конференција.

Тој ги повика сите лица кои ги исполнуваат критериумите да се пријават на објавениот повик и да ја искористат мерката којашто го унапредува руралниот развој и отвора нови работни места.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе