КЛИК ПЛУС НА ТВ 21

Беса не сака да биде партнер во влада со луѓе што се под истрага на СЈО

Нема да учествуваме во влада со луѓе што се под истрага на СЈО. Ова го кажавме и порано, јас повторувам и сега. СЈО треба да ги процесира сите случаи за оние што се осомничени дека сториле кривични дела, рече Биљал Касами, претседателот на Беса, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Вчера Касами и мандатарот Зоран Заев имале средба на која не се договориле прво да се состави владината програма, по што партијата би одлучила дали ќе учествува во владата.

„Политичките барања на партијата ќе се реализираат во рамките на Уставот на Република Македонија. Тие се однесуваат на унапредување на правата на граѓаните. Ова имплицира редефинирање на Македонија”, рече Касами.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе