ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Бакрачески нема да се кандидира за градоначалник на Охрид, се враќа на професијата и семејството

Доаѓаат моменти во нашиот живот кога стигнуваме пред крстопат. А најважните крстопати обично немаат патокази. И тогаш се соочуваме со безброј прашања, напиша вечерва на својот фејсбук профил, сѐ уште актуелниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески.

„Знам зошто одлучив вака денес. Овој пат решив одговорот да го дадат моите најмили-децата. Тие се мојата примарна причина и неисцрпна инспирација да го изберам овој пат. Знам дека овој пат тие беа помудри од мене. Во овој момент од мојот живот решив повеќе да се посветам на нив и на мојата примарна професија. Но и на мојата храбра мајка, на поширокото семејство и другарите кои секогаш беа тука да ме бодрат кога ми беше најтешко, да ми даваат ветар во грб кога требаше да се издржи и успее, кои имаа разбирање за моите ангажмани и отсуства сите овие четири и пол години, кои беа трпеливи и тогаш кога ненамерно им грешев“, пишува Бакрачески. 

Да, има и многу работи за кои жалам што овој момент нема да продолжам. Многу, многу, многу. Охрид е секогаш силна и исконска инспирација да се работи за негово добро. Го дадов, сѐ уште го давам и во иднина ќе го давам најдоброто од мене за најдоброто на градот. А за моите вредни и лојални соработници, за граѓаните кои беа секогаш со мене и живееја со успесите и предизвиците кои заедно ги решаваме, за оние кои очекуваа и сакаа денес да биде поинаку, ќе се изјаснам онака како што доликува - на крајот од мандатот со завршување на изборот на нов градоначалник“, напиша вечерва на својот фејсбук профил Никола Бакрачески.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе