Портпаролот обвинува

Арсовски: Зад нападот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ стои власта

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски ја обвини власта дека стои зад синоќешниот напад на штабот на партијата и дека досега имало само молк од институциите. 

„Нашите индиции говорат дека зад ова седи власта, а сценариото се спроведува од нивните инсталации. Во повеќе наврати се сака ВМРО-ДПМНЕ да се втурне во насилно сценарио позади кои седи интересот на власта да предизвика инциденти како за тоа би можела да ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и да ја компромитира во противењето на договорот на Заев за промена на името на Република Македонија.

Според наши непотврдени информации, на вчерашниот инцидент му претходела една средба пред неколку дена во едно познато скопско кафуле на која присуствувал еден градоначалник од редовите на СДСМ, еден многу близок вработен во кабинетот на друг градоначалник и неколкумина лица со дебело полициско досие.

Според нашите неофицијални информации тие лица биле убедувани да се инфилтрираат на протестите за името и да предизвикуваат насилство за кое подоцна ќе се обвини ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикаже за неконструктивна, насилна и да се деградира нашата борба против штетниот договор кој што го потпиша Зоран Заев во Преспа”, изјави Арсовски.

Според него, за само 48 часа од оваа средба бил нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ во стилот и со методи на шарената револуција на СДСМ.

„Зад се тоа ова стои поголемо сценарио диригирано директно од Зоран Заев”, рече Арсовски, но не кажа дали во времето на нападот работеле камерите од видео надзорот.

 

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе