ВМРО-ДПМНЕ

Апсењето на градоначалникот Стојчев е дефокус од милионските криминали на власта

Градоначалникот на Ново Село не е единствениот функционер на власта за кој што постојат сериозни индиции за криминал. Јавноста очекува истраги за сомнителните милионски тендери на Заеви, Анѓушев и Спасовски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, власта ја дефокусира јавноста од големите криминали.„Заради нив Македонија е на дното на листите за корупција и срам за цела Европа.Доколку властите не покренат истраги за милионските тендери во РЕК Битола и вмешаноста на камионите на Заеви, милионските тендери на Анѓушев,  како и милионскиот тендер за набавка на возила за МВР распишан од Спасовски, ќе се потврдат сомнежите дека ова е само дефокус од милионскиот криминал. Овој случај само ја покажува криминогеноста на власта, дури и на нејзините најмали пипци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозоциската партија додава дека додека партијата на власт ја продава државата се прави огромен криминал, се осиромашуваат граѓаните, а се богатат неколку луѓе блиски до  власта.

„Вчера Зоран Заев и повторно и покажа на целата македонска јавност зошто СДСМ не треба да управува со Република Македонија. Од странска телевизија го слушнавме премиерот како се гордее со фактот дека ги исполнил сите грчки црвени линии, што прифатил промена на името, географска одредница, и истото да биде за севкупна употреба. Граѓаните слушнаа дека Заев не го интересира државата. Заев го интересираат само милионските бизниси на неговите фирми. Јавноста слушна како на Заев, кој е премиер на Република Македонија и по функција треба да ги штити нејзините интереси кажува дека нему не му е важно дали државата ќе се вика Северна или Јужна Македонија“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Зоран Заев и оваа власт не работат за Република Македонија, тие работат на штета на државата и нејзините интереси и само за профитот на своите фирми. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Република Македонија не смее повеќе да биде заложник на овој криминален картел. Државата заслужува подобро.

                                         

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе