Ангелов: Moра да направиме попис, Албанците се наша реалност

Војната од 2001 година не ѝ беше потребна на Македонија. Ние, како Македонци, мораме да сфатиме дека Албанците се наша реалност и мораме да научиме да живееме со нив. Непријателствата треба да ги памтиме, но треба да се помиирме, изјави денеска Стојанче Ангелов, кога делегација на партијата Достоинство положи цвеќе на споменикот на македонските бранители во „Жена парк" во Скопје.

Ангелов изјави дека ја поддржува продлабочената употреба на албанскиот јазик во институциите со новиот закон за јазици, но дека е против пренагласената употреба на албанскиот јазик од друга страна.

„Употребата на полициските униформи, на униформите на лекарите, на пожарникарите сметаме дека е во спротивност на Уставот. Било кој кога ќе види полицаец може да го препознае. Доволно е на полициските униформи зборот полиција да биде напишан и на англиски јазик“, рече Ангелов.

Претседателот на Достоинство изјави дека Владата треба да се зафати со организација на попис, кога за тоа ќе бидат создадени услови.

„Мораме да направиме попис за да се преброиме за да тргнеме напред, а не за процентите на население да создаваат поделби меѓу македонските граѓани“, рече Ангелов и додаде дека  рамките на Охридскиот рамковен договор се пробиени и дека тоа била реалноста во Република Македонија.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе