Ахмети-Тачи: Сите граѓани на Македонија треба масовно да излезат на референдумот

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, на денешната средба со претседателот на Косово, Хашим Тачи разговараше за референдумот на 30 септември, како и за случувањата во регионот, со посебен акцент на дијалогот помеѓу Косово и Србија.

Ахмети, како што соопштија од ДУИ, го запознал Тачи со текот на кампањата за референдумот, подвлекувајќи ја големата важност од успешната реализација на Договорот од Преспа. 

Ахмети и Тачи се согласиле дека Албанците и воопшто сите граѓани на Македонија треба масовно да излезат и да гласаат „про“ НАТО и ЕУ. 

„Соговорниците заклучија дека единствената иднина за земјите од Западен Балкан, која обезбедува одржлив мир, безбедност и стабилност, е евроатланската интеграција. 

Ахмети целосно ги подржува интензивните напори на институциите на Косово со меѓународна помош за конечно решение на дијалогот со Белград во врска со демаркацијата на границата. Време е за целосна интеграција на Југоисточна Европа во НАТО и ЕУ“, се вели во партиското соопштение.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе