Ахмети: Нема национално обединување, Албанците да си ги јакнат своите држави

Приштина, 14 јуни 2018 (МИА) – Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети порача дека нема да има национално обединување на Албанците во една држава, туку дека тие треба да ги јакнат државите во кои живеат и заедно да се интегрираат во Европската Унија, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Ахмети синоќа во емисијата „Пресинг“ на приштинската Т7 рече дека „нема Албанец кој не ја сака Албанија и кој не сака национално обединување“, но дека работите се многу сменети од 90-тите години на минатиот век.

- Албанците сега треба да тежнеат да се обединат во Европа, со интегрирањето на Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора во Европската унија. Друга алтернатива нема. Ниту за Албанците, ниту за нашите соседи, рече Ахмети.

Говорејќи за идеите за територијални поделби, лидерот на ДУИ рече дека „концептот на поделби е штетен за Албанците“.

- Во прв ред, немаш како да делиш. Не можеш да ги делиш границите ниту со конец, ниту се лењир, рече Ахмети.

За таканаречената „Голема Албанија“, лидерот на ДУИ рече дека тој концепт на Албанците им го импутираа другите.

- Не е Албанија ниту голема ниту мала. Толкава е колкава што е, рече Ахмети во интервју за приштинската телевизија. 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе