Средба: Ахмети со Амбасадорот на Шпанија

Ахмети: Доставен е предлог закон за албанскиoт јазик и тоа е еден од предусловите за договор

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во Тетово се сретна со Амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рамон Абароа Каранза. Како што соопштија од ДУИ Ахмети и Амбасадорот Каранза разговарале околу политичките случувања во земјата како и создадената ситуација по изборите на 11 декември.

Од ДУИ соопштија дека Ахмети се осврнал на политичкиот напредок до изборите од минатата година кои според него кои создале внатрешнопартиска дебата за петте можни опции на ДУИ.

„ДУИ нема да брза во однос на донесување одлука без анализа и без да биде сигурна дека тоа е правилна одлука која ќе и служи на граѓаните и на очекувањата на нашите гласачи, но и на стабилноста и безбедноста на земјата“, истакна Ахмети.

Ахмети истакна дека предлог законот подготвен за албанскиот јазик, подготвен од албанците веќе е доставен и заедно со другите спорови претставува предуслов за некој евентуален договор, но моментално, договор нема.

Ахмети и Амбасадорот на Шпанија исто така зборуваа за владеење на правото, евро-атланската интеграција како и заедничката изјава на албанските политички партии кои претставуваат и столб на определбите на ДУИ во овие разговори.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе