Африм Гаши и Беса поднесоа кривична пријава против Билал Касами

Африм Гаши и група од 32 основачи и членови на Движењето Беса поднеле кривична пријава против Билал Касами за злоупотреба на службената дејност „правен застапник на Движењето Беса пред органите на правдата“. Истовремено, во Управниот суд е поднесено барање за поништување на фалсификатот што го направил тој во документите на Движењето БЕСА во надлежниот основен суд.

„После ова, тој и неговиот клан, од кој некои се повикуваат на легалноста, сега веќе ќе треба да одговараат пред органите на правдата за киднапирање на политичката партија за тесни лични и клански интереси. Притоа уште еднаш повторуваме дека ова манипулација е направена во времето кога активистите на Беса му веруваа нему и покажуваа лојалност кон него, што подразбира дека задачата за поделба и уривање на Беса тој ја започнал одамна, се разбира под директива“, изјави Орхан Муртезани од Беса. 

Тој ги повика оние кои, како што рече, можеби во недостаток на потребните информации заземале погрешна страна, да сфатат дека поранешниот претседател на Движењето Беса наскоро ќе седне на обвинителната клупа за фалсификување. Исто така, ги повикува сите да се позиционираат на страната на правдата и да знаат дека не само идејата, туку и организацијата Движење БЕСА, била и ќе остане против тие кои со манипулација се трудат да ја здржат позицијата.

 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе