Пеливанова се спротивставува на изградбата на депонијата

Пари и политички поени - вистинските мотиви зад спречувањето на изградбата на депонија во Неготино

Финансиски бенефит и лични мотиви, дали тоа се крие позади гласните пароли против рециклирачка инсталација и депонијата во Неготино?

Една од најгласните во оваа какофонија против неготинската депонија за инертен и неопасен индустриски отпад е Горица Пеливанова Вилхелм.

Пеливанова ревносно и отворено се спротивставува на изградбата на депонијата, а без притоа да даде аргументи зошто е против. Сепак, изгледа Пеливанова има свој многу силен и личен мотив да ја спречи изградбата на рециклирачка единица и депонија, а мотивот е 3.500 евра секој месец.

Според информациите до кои дојдовме, Пеливанова поседува земјиште надвор од Кавадарци, земјиште што го изнајмува на фирма „Еко енерџи системс“ ДООЕЛ, а чија основна дејност е складирање и третман на комунален и неопасен индустриски отпад. Дополнително, ова фирма има дозвола за увоз на индустриски неопасен отпад.

Горица Пеливанова Вилхелм

Пеливанова не сакаше да зборува на темава. На нашето прашање дали од фирмата „Еко енерџи системс“, Пеливанова секој месец добива по 3.500 евра рече дека не може да зборува.

Доколку рециклирачката единица и депонијата во Неготино почне да работи, ќе го презема индустрискиот отпад од целиот регион и ќе прави преработка на корисните фракции и со ова е директен конкурент. Според ова што го имаме како информација излегува дека на Пеливанова не и смета преработката на отпадот на нејзиното земјиште, од каде што месечно добива наемнина, но и смета таква депонија со поголем капацитет и посовремени методи во околината на Неготино.

Пеливанова не размислува за рециклирање на отпадот на нејзиното земјиште, од кое добива месечни закупнини, но и сметаат единиците за рециклирање и депонијата со поголем капацитет и посовремени методи во областа на Неготино. Според Пеливанова, екологијата, чистата животна средина и воздухот за дишење се важни само за граѓаните на Неготино, но не и за Кавадарци, затоа што таму, на нејзино земјиште, се обработува индустриски отпад. Тоа се двојните стандарди што се спротивставуваат на неготинската депонија.

Да се потсетиме дека депонијата Мелци од Кавадарци пред две недели (7 јануари 2020 година), гореше генерирајќи дополнителни токсични органски соединенија во воздухот во областа.

Активирање на еколошката свест, загадувањето на воздухот и животната средина се посебно актуелни во предизборието и задолжително носат политички поени. Но, сепак наспроти нечии скриени намери, се спротивставуваат фактите и аргументите каде личниот бенефит и политичките игри се разоткриваат.

Инвеститор на проектот е италијанската компанија П&П. Планирано е на оваа депонија дневно да се прима по 1.442 кубни метри индустриски отпад.

Х.Н.

Продолжува

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе