Ателје Шукре, икони на дрво

Осумките од датумот на моето раѓање, 8.8.1988, ми ја донесоа дарбата да бидам уметник (ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Со четка и бои во прав, кои ги меша со жолчка од јајце, со смирена рака и бистар ум Климент Шукрески успева да направи вистинска уметност. Во ателје што се наоѓа во скопската населба Лисиче стружанецот што живее во Скопје изработува уметнички дела, кои потоа дел ги продава на изложби, а дел преку социјалните мрежи.

 

За себе вели дека умее она што го гледа да го пренесе на медијапан или орев, да направи слика на светец, кој совршено се совпаѓа со оригиналот. За уметноста да биде беспрекорна, потребно е да имаш дарба од Господ, но и концентрација и знаење. Дарбата вели, му е поврзана можеби и со датумот на раѓање, 8 август, 1988 година.

„Роден сум на убав датум, на 8 август, на Света Петка. Можеби и тоа има некакво значење па осумката како знак за бесконечност ми донесе дарба и голема среќа да знам да цртам. Уметноста ми е вродена во душа и без неа не би можел", вели Шукрески.

За да бидеш уметник треба да ги сфатиш пораките кои ти ги испраќа она што сакаш да го насликаш, а тој тоа го прави од 2011 година.
Неговиот талент го забележале наставниците во основно образование, но бидејќи цртежите ги носел од дома никој не му верувал дека тоа се негови изработки.

„Моите цртежи секогаш се издвојуваа од оние на моите врсници во одделението. Бидејќи ни беа работни задачи и ги правевме дома, никој не ми веруваше дека се мои. За волја на вистината кога ќе ме натераа да нацртам нешто во училиште и кога сите очекуваа и ми стоеја над глава, цртежот не беше ист. Имав трема и секогаш нешто ќе утнев или ќе беше поинаку. Но, сепак со сите сили ги убедував сите дека се тоа мои дела и тоа беше вистината. Ме испратија на комисија која требаше да ме тестира и таму поминав", ни раскажа младиот уметник за својот талент.

И денес е така, вели. Ако некој ми ја одзема концентрацијата и ми го одвлекува вниманието не би можел да работи.

„Кога четката ја земам во раце да ги сликам иконите без разлика низ што и да поминувам во животот, мојата душа е природно смирена. Најмногу ме смирува цртањето, особено сликањето на иконите.", дополнува Шукрески.
Тој вели дека прави и портрети и успева да ги наслика, но појаснува дека желбата и љубовта со која работи не е иста како кога ги црта иконите.

Дел од своите изработки ги споделува постојано по социјалните мрежи, а дел ги продава на изложби низ градовите во државава.

Цените на иконите се движат од 100 евра, па нагоре. За да наслика една икона потребни му се три дена во кои треба да работи по 8 часа. Местото каде ги сместува наликува на мала црква. Има денови кога неговите обврски не му дозволуваат да слика по цел ден, но сепак што и да прави вели, мора да влезе во неговото светилиште, односно ателјето „Шукре".

Таму работи, таму прави прекрасни дела и таму го наоѓа својот мир.

Денес на овој млад уметник му е роденден, му го честитаме роденденот и му посакуваме многу успех во работата во иднина.

К.Д.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе