Осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро

Денеска се навршуваат осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 годишен од селото Црешево.

Убиствата се случиле меѓу 19,30 и 22,30 часот кога биле најдени телата на убиените.

За овој  настан беше отворен судкиот предмет „Монструм", во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење кое се уште трае. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе