Кој им ги внесува недозволените уреди?

Осудените од Диво Насеље имале 5 мобилни телефони во затворот во Идризово кога во живо бараа донации

Пет мобилни телефони имале осудените од Диво Насеље во затворот во Идризово кога се вклучуваа во живо директно од ќелиите, дознава МКД.мк од свои извори. Во најголемиот затвор во државава во посебно крило наменето само за нив, се наоѓаат 13 лица осудени за терористичките напади во Куманово. На крајот на месец август тие преку социјалните мрежи се вклучија во живо од затворските ќелии и бараа донации за нивните и семејствата на загинатите.

Како што дознаваме, по скандалот со вклучувањето од затворот каде мобилните телефони се забранети, во посебното крило во кое се сместени и Анди Красниќи викан Малишева, Насув Бекири, Фејзула Рушитовски... се најдени пет мобилни телефони, а по некое време при уште еден претрес, најден бил уште еден мобилен телефон.

Управата на затворот во Идризово информира дека постојано се прават претреси во затворот и се преземаат мерки за да се утврди како мобилните телефони стасуваат до осудениците.

Не се ретки случаите кога вработени во затворот често се вклучени во шверцот на мобилни телефони и други недозволени средства и нивната кариера во затворот завршува со кривична пријава.

Во затворот во Идризово станари се вкупно 13 осуденици за терористичките напади во кумановската Дива Населба. Од нив тројца се осудени на доживотни затворски казни, а останатите десетмина се осудени на казни од по 40 години затвор, 13 години, 10 години...

Пред некое време Апелацискиот суд во Скопје им ги потврди затворските казни на сите осудени лица, а со тоа пресудата е правосилна.

На оние кои се во затворот во Идризово нови осуденици и покрај правосилност на пресудата, се уште не им се приклучиле.

Осудени се за едно од најтешките кривични дела, тероризам и терористичка организација. Информацијата колку членови на затворската полиција се задолжени да го чуваат ова крило во кое, според безбедносните процени на службите се сместени лица со највисок степен на ризик, официјално не се открива бидејќи се работи за информација која од безбедносни причини не може да се сподели со јавноста.

Овие лица, според оние информациите кои успеавме да ги добиеме, се сместени во нешто подобри услови за разлика од другите осудени лица, а за нивниот престој во затворот во Идризово се интересираше и народниот правобранител, како и Црвениот крст од Женева.

Безбедносните процени на службите утврдиле дека најсоодветно за сместување на овие лица е приземјето во посебното крило во најголемиот затвор. Дел од нив имаат сопствена ќелија само за себе, а дел ќелијата ја делат со уште еден осуденик.

И оние што се сами, и оние што имаат цимер, за себе имаат посебни тоалети и туш-кабини, кои се дел од секоја ќелија во ова затворско крило.

Освен добри санитарни и хигиенски услови, овие лица имаат и плазма-телевизори, фрижидери за чување на храната, како и фиксен телефон, кој можат да го користат во период од два часа во текот на денот.

Надлежните ќе треба да одговорат, како покрај дозволените работи, овие осудени лица успеваат да внесат во ќелиите и мобилни телефони кои очигледно не ги кријат, бидејќи во живо се вклучија во јавност.

К.Д.

 

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе