Промовиран првиот број

Осудениците од затворот во Идризово направија осуденички весник „Искра“

Денеска во Центарот за обука на КПУ Идризово беше промовиран првиот број од осуденичкиот весник „Искра". Весникот е замислен како периодично списание кое треба да го збогати процесот на ресоцијализација во македонските затвори и казнено-поправни установи.

„Списанието обработува теми од затворската проблематика и дава насоки за постпенална помош на осудените лица, а свој придонес во неговата подготовка имаа вработени од македонските затвори и осудени лица. Се дистрибуира во сите македонски пенитенцијарни установи каде што ќе биде достапен за осудените лица со цел да го олесни нивниот престој а истовремено и да ги мотивира на активно вклучување во социјалниот живот" се вели во информацијата од КПУ Идризово.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе