Доделени уверенија

Осуденици од затворот во Шутка завршија обуки за бравари и дрвопреработувачи

Во изминатиот период во КПУ Затвор Скопје со подршка на Управата за извршување на санкции, а во соработка со програмата за развој на Обединетите Нации УНДП и Министерството за образование се одржа обука за стручно оспособување на осудените лица во дрво преработувачката и браварската дејност. Обуките беа одржани во столарската и браварската работилница при КПУ Затвор Скопје од страна на професори од стручните средни училишта „Партение Зоографски“ и  „Ѓорѓи Димитров“. 

„Ова е од исклучителна важност за осудените лица кои во изминатиот период се стекнаа со знаење и практични вештини за наведените дејности и можност повеќе за конкурентност на пазарот на труд. Воедно ни преставува особено задоволство што обуки од ваков вид за прв пат се реализираат во нашата установа, имаше голем интерес од страна на осудените лица за нивно обучување и стекнување на практични знаења во делот на занаетите", изјави директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски. 

По повод успешно спроведената обука и обучување во рамки на проектот креирање можности за работа за сите, денес во Управата на КПУ Затвор Скопје свечено беа доделени Уверенија за успешно завршена обука на осудените лица.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе