Најпознатата измамничка напиша поезија

Соња ТАТ од „Идризово“ порача дека и затворот е искуство

„Годината поминува денот не. Затворот не е тежок, луѓето во него се тешки. Убавото е кога во четири ѕида и решетки ќе се пронајдеш во круг со луѓе со кои се челичиш и со кои делиш 24 часа од твојот живот. Надвор животот е трчање, тука е чекање". Ова се дел од мислите на осуденичките кој ги нижат зад решетките во наголемиот затвор во државава, затворот во Идризово. Речениците најдоа свое место на страниците на вториот број на списанието „Искра" кое почна да излегува на крајот на септември, минатата година.

Дел од затворската поезија и припаѓа и на Соња Николовска, позната по аферите со ТАТ банката. На неа и припаѓаат последните страници од овој број на весникот. Раскажува за љубовта, за хуманоста, за пријателството, за скромноста, за тагата и зборува во име на жените осуденички.

Преку гласот на осудените жени Николовска пишува дека во најголемиот затвор тие не се запоставени, туку тешко е да ја најдат силата во самите нив и победник е само оној кој е издржлив и трпелив.

„Ние сме на оваа страна од решетката. Сите други се од другата страна. Сонцето изгрева и за нас и за нив, а радоста и тагата се исти за сите. Овде нема националност, образование, возраст. Сите сме во маката и надежта заедно. Се караме, се расправаме за минорни работи за надвор, а за овде големи, што е нормална работа. Сепак сме вплотени и во радоста и во тагата и кога се слави роденден и друга фамилијарна веселба, и кога има жалосни моменти, кога има болести па дури и смрт на близок член од фамилијата. Заедно се прославува и Велигден и Бајрам. И сите чистиме и сме почастени, а собите наместени со јадење и пиење, па и поскромно да е, за нас се величествени и ние се чувствуваме и однесуваме како да сме во ресторан, со дозволената музика, понекогаш и погласно се заигрува и орце и чочек и тоа е еднаквоста и заедништвото во маката и преголемата надеж за подобро утре“, пишува Николовска во својата поезија.

Затворот, вели најголемата измамничка асоцира на лоши работи, а најважно на изгубената слобода, но додава дека и зад решетки постои љубов и другарство.

„Хуманоста е секогаш присутна меѓу нас осудените жени зашто секојдневно некој бара, некој дава и се така во круг, се разбира има и нервоза баш токму заради тоа. Во овие наши услови на изолираност и немоќ, хуманоста ја одигрува својата права улога а зборот „благодарам“ има вистинска вредност баш овде, во заедничката мака и борба. Чувствата се исти за сите, затоа што сите сме луѓе. Плачеме, тагуваме, боледуваме и се радуваме, а слободата ја посакуваме и бараме сите. Затворот е  искуство плус (вакво или такво) за секој поединец. Знаеме дека многу славни и познати личности, многу успешни луѓе имале сличен животен пат, па така имаме и двигател и водител во секој од нас за да не води да издржиме, и по излегувањето да продолжиме по исправниот пат“, порачува Николовска од зад решетките.

Поезијата на Николовска открива дека во затворот жените не се запоставени, можат да се дотеруваат, да се шминкаат, имаат и фризерски салон со жена која работи како фризерка и можат да остана жени во вистинска смисла на зборот.

„Жената каде и да е треба да е жена, достоинствена жена со сите севкупни атрибути и на зборот и на целината. Потешко е да ја најдеме силата во нас, да издржиме, да продолжиме да се храбриме и пак не сме оставени сами на себе бидејќи има служба за обезбедување. Командирките многу често покрај своите професионални обврски сочувствуваат со нашите проблеми, не тешат и ни помагаат колку можат. А вистинската поткрепа е воспитувачката В.К. Кај нас во женско одделение. Воспитувачката ни е поткрепа каде си ја пуштаме душата, да ни олесни, да ни ја слушне маката, да ни ја прочита душата кога се доверуваме, да не сфати и разбере подеднакво сите, да не искара ако грешиме и претеруваме, ама секогаш да ни ја укаже позитивната страна на издржливоста и трпението. И токму заради ова знаеме дека победник е издржливиот и трпеливиот, а ние сите сакаме да сме победници и заедно ќе победиме и ќе бидеме правилни личности корисни за себе и своите најблиски, и се разбира исправни граѓани на нашата држава“, вели поезијата на Николовска.

Николовска е осудена за измама на 13.000 штедачи во аферата „ТАТ". Во затворот во Идризово е од декември, 2017 година. Осудена е на 8 години затвор за две измами тешки околу 600 илјади евра. 

Пред повеќе од 20 години таа била прогласена и за една од најуспешните менаџерки, а потоа со аферата ТАТ која се отвори во далечната 1997 година ја доби „титулата“ најголема измамничка во историјата на судството. 

Во затворот во Идризово да ја одлежни новата пресуда за која е осудена се пријавила сама.

                                                                                                                                 К.Д.

 

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе