На јавна седница во Врховниот суд

Основите на сомнение за Чавков не се ниту за дисциплински прекршок, а не за кривично дело, смета адвокатот Дуковски

На денешната јавна седница во Врховниот суд, петочлениот совет од судии разледуваше 13 жалби поднесени за 15 осомничени за настаните од 27 април, минатата година, од кои деветмина се во притвор, а шест во куќен притвор. Жалбите се поднесени на решенијата од Апелацскиот суд со кои второстепените судии донесоа одлука на осомничените да им го продолжат притворот.

Со оглед дена е завршена истражната постапка за овој случај, обвинителството до судот достави предлог од трите точки , опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци како и можност да го повторат кривичното дело, да се тргне точката можност од влијание врз сведоци.

Основите за сомневање на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков не се на ниво против него да се поднесе прекршочна постапка, а не кривична постапка во која тој би одговарал за тероризам. Ова денес на јавната седница во Врховниот суд го истакна адвокатот Сашко Дуковски образложувајќи ја жалбата за притворот.

Дуковски нагласи дека според обвинителството, Чавков кривично се гони бидејќи не издал наредба за дополнително засилување на полициските сили на терен, иако постојано бил известуван за ситуацијата. Според адвокатот Дуковски она за кое обвинителството го гони Чавков не е доволно ниту за дисциплинска постапка, а уште помалку за кривично гонење.

Бранителот на поранешниот министер за внатрешни работи Чавков, рече дека неговиот клиент не се крие, туку сака да се заврши постапката и активно да учествува во неа.

"Вие постапувате во предмет во кој се сите обвинети и каде е тука индивидуализацијата. Вие по закон сте најпаметните судии, затоа и седите тука пред нас и треба да процените дали постои опасност од бегство", им се обрати адвокатот Дуковски на советот од петмина судии со кој претседава претедателот на Врховниот суд, судијата Јово Вангеловски.

Адвокатот на Чавков обвини и дека Затворската управа воопшто не водела грижа за здравјето на неговиот клиент и за фактот дека тој имал срцеви проблеми.

За можноста од опасност од бегство, Дуковски нагласи дека Чавков со години работел во МВР и доколку сакал можел да најде начин и да побегне пред да биде приведен.

Според Дуковски, управата на Истражниот затвор во Шутка сакала смрт кај Чавков, бидејќи затворот немал ниту услови, ниту пак водел грижа за фактот што тој бил во лоша здравствена состојба.

За останатите осомничени адвокатите побараа да им се укине мерката притвор или куќен притвор и да им се определи поблага мерка за обезбедување на присуство бидејќи се семејни луѓе од кои дел имаат и недвижен имот на свое име. Тие побараа на осомничените да им бидат определни мерки на претпазливост.

Врховниот суд има рок од 48 часа да одлучи по жалбите на осомничените за настаните за 27 април, минатата година во Собранието на Република Македонијa.

К.Д. 

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе