ПО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ МЕРКИ

Основен суд Скопје 1 бара докази од СЈО за осомничените во „Тврдина“

Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на СЈО за определување мерки притвор на Горан Грујоски, како и предлог за определување мерки за претпазливост за Гордана Јанкуловска и уште три лица од предметот „Тврдина“, со допис се обратил до СЈО дека во предлозите за овие лица не доставиле докази на кои се повикуваат на наредбата за спроведување на истражна постапка.

„Односно докази на кои се базира основаноста на сомнението на начин што ќе биде образложено дали кривичните дела произлегуваат од конкретна содржина на незаконското следење на комуникации, за кој период, како и да ја презентираат содржината, како би се утврдило дали предлогот за определување мерка притвор и предлогот за определување мерки за претпазиливост се поднесени од овластен тужител во смисла на лен 166 од ЗКП и член 17 ст. 1 од ЗКП вв со чл. 2 и чл. 5 ст. 1 од Законот за СЈО“, велат од судот.

Од таму соопштуваат дека во предлозите на СЈО се наведуваат кривични дела наводно сторени во периодот по 25 февруари 2015 година и во периодот на втората половина на 2015 година до средината на март 2016 година, а во смисла на член 2 од Законот за СЈО каде е наведено дека „Неовластено следење на комуникации се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително, но не и ограничено на ауди снимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15.07.2015 година“.

„При што судијата на претходна постапка го задолжува обвинителот да ги уреди предлозите во рок од 3 дена по приемот на барањето за уредување од страна на судот“, се вели во соопштението на судот.

Инаку, СЈО за случајот „Тврдина“ товари двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска дека во март 2015 година ја злоупотребиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спроведеле уништување на два система за следење на комуникациите.

За началникот на Петтата управа, Горан Грујоски, СЈО бараше од судот да му додели мерка притвор. За Јанкуловска и останатите осмничени, пак, достави предлози за мерки за претпазливост.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе