РАНГ ЛИСТА НА „ФОРБС“

Орце Камчев, најбогат Македонец

Јордан Камчев, сопственикот на „Орка Холдинг“, е најбогатиот Македонец, оцени угледниот магазин „Форбс“. Во годинашната листа на најбогати што ја објави економскиот весник, насловена како „Mладоста го победи искуството“, има рокада во топ петте најбогати Македонци. 

Со 22,8 милиони евра вредност на компаниите како што се „Кара“, „Орка“, „Стопанска банка Битола“, „Бетон Штип“, Камчев изби на првото место на најбогати Македонци, откако минатата година успеа да го зголеми капиталот за повеќе од три милиони евра.

На второ место сега е Минчо Јорданов со 22,5 милиони евра колку што чинат „Макстил“, „Бетон“ и „Факом“. Забавувањето на Кинеската економија, која е клучен пазар за челикот, санкциите на Европа кон Русија, како и инвестицискиот циклус што „Макстил“ го спроведе во инсталирање на филтри на оџаците, го спушти Јорданов на второто место на најбогати Македонци.

Со вкупната вредност на акциите на „Макпретрол“ и „Оилко“ од 20 милиони евра, „Форбс“ го рангираше Андреја Јосифовски на третото место. На четврто место со вредност од 13,3 милиони евра од „Прилепска Пивара“ и сопственост од контролниот пакет на акции од 74 отсто е Сашо Самарџиски. Последното петто место во групата најбогати Македонци му припадна на Живко Мукаетов кој има 9,8 милиони евра според вредноста на акциите од „Алкалоид“.  

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе