Огност се шири кон куќите

Општина Велес бара помош за гаснење на големиот пожар кај езерото Младост

Општина Велес упати јавен повик до граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарот кој избувна кај езерото Младост и кој опустоши огромна површина. Сите граѓани што сакаат доброволно да помогнат при гаснењето на пожарите може да се пријават на дежурниот телефон на ТППЕ: 193

„Ве молиме, во оваа тешка ситуација, во која сите граѓани на Велес се соочени со губење драгоцени природни ресурси на езерото Младост, да помогнеме со поттик и пораки до сите што се стручни да обезбедат помош. Територијалната противпожарна единица почна акција веднаш по избувнувањето на пожарот и во моментот се користат сите расположливи средства за локализирање на пожарот. Градоначалникот Аце Коцевски е на самото место со стручните служби. Во акцијата се вклучи и АРМ со хеликоптери. Во гаснењето се вклучени и авиони 'канадери'. Ве молиме, со вашите пораки и поддршка, заеднички да помогнеме да се надмине оваа кризна ситуација", се вели во апелот на Oпштина Велес.

Како што информираат од ТППЕ Велес за МИА, поради силниот ветер пожарот се раширил во два правца, кон велешкото езеро и кон селото Отовица, каде во опасност биле првите куќи, односно оние што се блиску до железничката пруга. Постои опасност, поради ветрот огнената стихија да се прошири и кон автопатот Скопје – Велес.

Во пожарот досега не се зафатени хотелите и куќите од викенд населбата, нема жртви ниту повредени.

Со пожарот е зафатена борова шума, а во неговото гаснење се вклучени екипите на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои им помагаат и пожарникарите од Кавадарци, Штип и Свети Николе.

Со два авиона од воздух во гаснењето на огнената стихија е вклучена и Дирекцијата за заштита и спасување, активирана е и подрачната единица на Општина Велес и останатите надлежни институции, како Армијата со еден хеликоптер, и полицијата.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе