Поради опасност од бегство

Определен притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Осумдневен притвор за Емил Јакимовски поради опасност од бегство, одреди судот. По пријава за семејно насилство, Основното јавно обвинителство побара мерка притвор за поранешниот вработен во Централен регистар, Емил Јакимовски.

Тој вчера беше приведен и задржан во полиција. Денеска беше изведен пред судија на претходна постапка кој му одреди осумдневен притвор.

Освен за семејно насилство, ОЈО го сомничи за уште две кривични дела.

Тој пред неколку дена беше и на разговор во полиција по пријавите за закани до новинари и вработени во институцијата од каде што доби отказ. Јакимовски веќе има една правосилна условна пресуда за семејно насилство, а вчера беше уапсен поради непочитување на мерките во пресудата.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе