Откако тврдеше дека го загубила

ОЈО го најде и вториот мобилен на Јанева, го дала на подарок

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за кој велеше дека ѝ е изгубен. Телефонот бил пронајден кај друго лице кое изјавило дека го добило на подарок. За првиот телефон кој ѝ беше одземен, ОЈО за гонење на организиран криминал вчера го заврши вештачењето. 

„Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок", велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет ги преземеа сите дејствија и мерки во насока на целосно расчистување на кривично правниот предмет.

Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Инаку, во изјава за медиумите, обвинителката Вилма Русковска изјави дека според синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, директорот на маркетинг во 1ТВ, вториот мобилен бил изгубен во Белград.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе