Издадена наредба за утврдување на идентитет

ОЈО го бара таксистот кој неовластено го снимал пратеникот Богоевски

Основното јавно обвинителство Скопје, по примено известување за неовластено снимање од пратеник, издало наредба за утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговор, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и преку меѓународни инструменти да се провери сопственикот на профилот на руската социјална мрежа vkontakte. Се работи за случајот со пратеникот Павле Богоевски. 

Од ОЈО информираат дека пратеник во Собранието на Република Северна Македонија на 15 мај годинава во Полициска станица Центар пријавил „неовластено прислушување и тонско снимање" од непознат сторител.

Според наводите во пријавата, на неодреден датум во периодот од март до мај годинава, додека се превезувал со такси возило од неидентификувана компанија и разговарал на мобилен телефон, пратеникот неовластено бил сниман од возачот на такси возилото. Разговорот потоа бил објавен на Youtube профилот Бомби 2019 како и на руската социјална мрежа vkontakte.

По приемот на ова известување од страна на надлежен јавен обвинител веднаш било изготвено барање за доставување податоци до Youtube кои се однесуваат на комплетни логови за наведениот профил, ИП адреси користени за пристапување и најавување на тој профил, како и ИП адреса од која е креиран профилот.

„До МВР е доставена Наредба за да бидат направени проверки околу утврдување на идентитетот на таксистот кој наводно извршил снимање на разговорот, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и за кое лице била нарачувана. Министерството за внатрешни работи преку меѓународните инструменти кои ги користи ќе треба да направи проверки и за тоа кој е сопственик на профилот на руската социјална мрежа vkontakte“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, информираат дека доколку се утврди идентитетот на сторителот и се обезбедат законити докази, МВР треба да поднесе кривична пријава до Обвинителството.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе