Од седумтемина повредени во несреќата во Романовце тројца се во критична состојба

Седуммина повредени во несреќата при експлиозија на плинска боца во селото Романовце, во која загинаа три лица, денеска се донесени на Клиниките во Скопје. Тројца од нив се во животозагрозувачка состојба, информираат од Клиничкиот центар и Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски” – Скопје.

Во Ургентниот центар во Скопје се префрлени четворица пациенти, од кои двајца се во критична состојба и се префрлени на КАРИЛ со изгореници на поголема површина по телото, додека другите двајца се во тешка, но стабилна состојба на Пластична хирургија.

„Денеска околу 11:20 во УХЦ, беа донесени четворица пациенти од 30 до 54-годишна возраст, повредени како последица од експлозија на плинска боца. Кај пациентите преовладуваа повреди од изгореници на телото и тоа од 3 и 4 степен, двајца од повредените се хоспитализирани на единицата за интензивно лекување и се во критична животозагрозувачка состојба и двајца пациенти се хоспитализирани на Клиниката за пластична хирургија”, изјавил за МИА директорот на Ургентниот центар д-р Илир Хасани.

На Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски”-Скопје, се донесени тројца повредени во несреќата, од кои една жена е во животозагрозувачка состојба и со изгореници од трет степен. Во болницата се префрлени и една помлада бремена жена и дете на возраст од околу десет години, кои се со помал степен на изгореници и не се во критична состојба.

Експлозијата настанала во 10 часот во куќата на Ш.А во село Романовце, соопшти СВР Куманово. Од експлозијата на плинската боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место.

Од противпожарната единица потврдија дека интеренирале за гаснење на пожар во куќа во Романовце. Кај нив пожарот бил пријавен во 10:10 часот, по што пожарникарите го гаснеле до 11.10 часот.

 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе