Од денеска тропски горештини

Денеска ќе биде најтоплиот ден досега годинава. Времето денеска ќе биде ведро, сончево и многу топло со УВ индекс 9. Ќе дува повремен слаб до умерен ветер..

Максималната дневна температура долж Повардарието ќе биде околу 39 Целзиусови степени и околу 41 степени во јужниот тек.  

Во Пелагонија максималната температуриа ќе биде околу 34 степени, а 33 степени во охридско преспанскиот крај.

Во Скопје и околината се очекува сончево време со мала облачност. Максималната температура ќе достигне вредности околу 39 степени.

Максималните дневни температуди денеска во Tетово ќе достигне до 37 степени, во Маворво 30, Гостивар 38, Дебар 38, Крива Паланка 36, Виница 38, Штип 39, Берово 34, Радовиш 38, Дојран и Струмица 39, Гевгелија 40, Крушево 30, Охрид 34, Битола 37, Демир Капија 41, Прилеп 36 Битола 37, Кочани 38...

И наредните три дена времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40 степени.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе