Отворен предмет за Загадување на животната средина

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето на воздухот од депонијата Дрисла

По допрен глас Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик и ќе ги истражува наводите објавени во јавноста за загадување на воздухот од горење на радиоактивен медицински отпад на депонијата Дрисла, соопштија од обвинителството.

Како што се наведува во соопштението, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе