Истрага по допрен глас

Обвинителството не открило индиции за трговија со новороденчиња

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека, по спроведување на сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња од страна на надлежен јавен обвинител е донесена одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите во медиумите, во декември 2018 година отвори предмет по допрен глас.

„По дејствијата преземени од страна на надлежен обвинител и врз основа на прибраната документација и побараните известувања од Народниот правобранител, Министерството за труд и социјална политика и Првата детска амбасада „Меѓаши", произлезе дека во конкретниот случај нема докази, ниту индиции за постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност", се наведува во соопштението од ЈО.

Во медиумите, се вели во соопштението од ЈО, беа изнесени сознанијата на Народниот правобранител дека постои сомнение за организирана криминална група која подолг временски период се занимава со трговија со здрави новороденчиња.

Според овие сознанија на биолошките родители веднаш или по краток временски период по раѓањето им се соопштувало дека новороденото е починато, а всушност тоа било здраво и заради понатамошно посвојување станувало жртва на трговија.  

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе