По пријавата за нанесена телесна повреда

Обвинителството му даде насоки на МВР за случајот со градоначалникот Курто Дудуш

Основното јавно обвинителство Скопје му даде насоки на МВР околу тоа што треба да преземе во врска со настанот за градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш за кого беше поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда. За овој настан, според пријавата објавена во неколку медиуми, има и аудио материјали.

Од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека надлежен јавен обвинител му дал насоки на Министерството за внатрешни работи да ја провери содржината на снимените материјали, по што ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.

"Од страна на надлежен јавен обвинител дадени се насоки на Министерството за внатрешни работи за обезбедување докази согласно Законот за кривична постапка за да биде проверена содржината од симените материјали, како и да се направат други проверки за комплетирање на целиот настан. Откако МВР ќе постапи и во зависност од обезбедените законити докази, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука", се вели во одговорот испратен од Обвинителството.

Претходно ОЈО Скопје соопшти дека се прави и вештачење на мобилните телефони на градоначалникот Дудуш и неговиот возач. Истовремено, до мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе