МВР приведе 26 лица од кои пет малолетници

Обвинителството ги прегледува снимките од вчерашните протести пред Собранието

Министерството за внатрешни работи за време на вчерашните протсети пред Собранието лишило од слобода 26 лица, од кои пет малолетници. По утврдување на идентитетот и возраста на лицата, малолетниците согласно Законот за правда на децата се пуштени на слобода.

Ова им било соопштение на претставници од Основното јавно обвинителство Скопје утринава на работниот состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи во врска со вчерашните настани пред Парламентот.

Претставниците на МВР информирале дека на вчерашниот настан се повредени и десет полициски службеници од кои деветмина со телесни повреди, а еден полицаец со тешки телесни повреди. За времетраење на вчерашниот протест биле повредени и седум граѓани.

Од скопското Обвинителство на МВР му се дадени насока за обезбедување и доставување релевантен доказен материјал за сите лица лишени од слобода во врска со дејствијата што ги презеле пред Собранието на Република Македонија, како и за малолетните лица претходно лишени и пуштени на слобода. Пред сѐ за обезбедување на снимки од видео записи од поставените безбедносни камери со цел документирање на евентуално незаконито дејствување.

„Од содржината на видео записите, како и од други обезбедени докази ќе се утврдува евентуалното незаконито дејствување на лицата лишени од слобода и на малолетните лица претходно лишени и пуштени на слобода. Воедно ќе се утврдува и идентитетот и на други лица инволвирани во настанот, за кои ќе постои сомнение дека со своето однесување се сторители на кривични дела. Согласно на содржината на видео записите и другите докази ќе следи поднесување на кривични пријави или известувања до ОЈО Скопје од страна на МВР", се наведува во соопштението од Обвинителството.

Претставниците на МВР информирале и за заканувачки пораки и слики кои преку профили на социјалните мрежи биле објавувани за носители на јавни функции и други службени лица.

Министерството за внатрешни работи добило задолжение да се пристапи кон утврдување на идентитетот на лицата од чии профили се упатуваат заканите и да се обезбедат релевантни докази за евентуално сторено кривично дело „загрозување на сигурноста" од член 144 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе