НА ЕДНО ОД РОЧИШТАТА ЗА „ТВДИНА 2“

Обвинетите службенички од УБК се пожалија дека тајно биле фотографирани во судница

Шесте службенички во УБК кои заедно со Горан Грујевски се обвинети во случајот „Тврдина 2“, на денешното рочиште и се пожалија на судијката дека биле тајно фотографирани со мобилен телефон од присутни во судницата, а фотографијата потоа била јавно објавена. Обвинетите службенички кажаа дека знаат од кого е направена фотографијата која и ја покажаа на судијката и дополнија дека ваквиот потег им ја загрозува безбедноста. 

Тие преку нивните бранители побараа од судот да ги предупреди присутните во судница, дека овие обвинети не смеат да бидат фотографирани и објавувани со оглед на фактот дека работат во тајната служба.

По ваквото барање од адвокатите, судијката појасни дека професијата и работното место кое овие обвинети ги обавуват се специфични и дека поради овие причини јавноста била исклучена на едно од претходните рочишта, кога се читаше обвинителниот акт. Судијката ги предупреди присутните дека не смеат да ги фотографираат обвинетите службенички без одебрение и дозвола и нагласи дека јавноста ќе може да го следи судењето, но ако законот налага тајност на постапката, јавноста во тој дел ќе биде исклучена. 

Во постапката со Грујевски во случајот „Тврдина 2“ за уништување на документи им се суди и на шест жени од УБК. 

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе