Абер од Истражниот затвор во Шутка преку адвокатот Рауфи

Обвинетите од „Диво Насеље“ од притвор порачаа: „Нема да има крај на бомбите додека не се дознае вистината“

Неколкумина обвинети од случајот „Диво Насеље“ од притвор во Истражниот затвор во Шутка испратија порака дека поседуваат „бомби“, дека ќе ги објават сите по ред и дека на тој начин, како што велат ќе ја откријат вистината за настаните во Куманово. Оваа информација за МКД.мк ја потврди адвокатот Насер Рауфи, кој ни изјави дека од неговиот клиент Шефќет Калачи добил порака да испрати абер во јавноста дека поседуваат прислушувани разговори и дека ќе ги објават преку посредник во Чикаго.

„Јас сум бранител на обвинетиот Калачи и се видов со него во Истражниот затвор во Шутка на посета. Тој ми кажа да пренесам дека одговорноста за објавувањето на бомбите ја преземаат Валдет Зекај, Сами Укшини и мојот клиент. Калачи порача дека разговорите ќе се објавуваат постојано на секој половина час и дека нема да запрат додека не се објави вистината за „Диво Насеље“, односно она што тие постојано го зборуваа и во судница, дека овој случај е наместен и дека треба да се види кои лица се инкриминирани во овој настан", вели адвокатот Рауфи.

„Бомбите“ ги „сервира“ обвинетиот Калачи и во пораката преку неговиот адвокат посочил дека снимките ќе се објавуваат во Америка, бидејќи овде во Македонија не било дозволено. Конкретен таргет, односно конкретна личност кон која се насочени овие разговори Калачи посочил дека нема, туку дека целта е да се открие кој се е вмешан во овој случај.

Со обајвување на разговорите овие обвинети порачале дека бараат СЈО да го преземе предметот, како и меѓународна истрага за овој случај. 

Тие уште во текот на постапката побараа свеедоци во овој процес да бидат и Сашо Мијалков, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Али Ахмети..., но овој предлог беше одбиен од судијката Верка Петковска, која ја водеше првостепената постапка. 

На фејсбук-профилот Ел Чека има најави за уште поконтроверзни разговори на функционери од ДУИ ако не се спроведе меѓународна истрага за овој случај.

Ова се тројцата обвинети од „Диво Насеље“ кои тврдат дека стојат зад „бомбите“:

Шефќет Калачи (36) од Призрен, Косово е осуден на затвор од 10 години за терористичка организација и на затвор од 40 години за тероризам. Од судот доби единствена казна затвор од 40 години и протерување засекогаш од Македонија. Завршил основно образование, невработен, женет и е татко на три деца.

Сами Укшини (50) од Ѓаковица, Косово за кривичното дело терористичка организација доби затворска казна од 10, а за тероризам судот му изрече затворска казна од 40 години. Единствената затворска казна за овој обвинет е 40 години, а во тоа не му се смета и времето поминато во притвор од 9 мај 2015 до правосилност на пресудата. Судот на Укшини му изрече и казна протерување странец засекогаш. Укшини завршил средно образование, работел во приватна фирма, женет е и има едно малолетно дете.

Валдет Зекај (39) од Пеќ, Косово осуден е на 10 години затвор за терористичка организација и доживотен затвор за тероризам. Единствената казна затвор за него е доживотен затвор и протерување од Мекедонија. Работел како фотограф, женет е и имал седум деца.

 За случајот „Диво Насеље“ се чека одлука од Апелацискиот суд во Скопје. 

                                                                                                                            К.Д.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе