Образование и здравство

Штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образаование и наука, изјави денеска претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

07 Ноември 2019 - 13:07

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ја назначил Наташа Алуловска за нова директорка на скопската Клиника за детски болести.

07 Ноември 2019 - 07:16

Се очекува на почетокот на идната година да заврши третата фаза односно да се заокружи тендерската постапка за изградба на нов Клинички центар во општината Ѓорче Петров и да се почне со изградба на дел од локалната инфраструктура. Ова денеска за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

06 Ноември 2019 - 18:23

Нов случај на мали сипаници е регистриран изминатите две недели. Станува збор за невакцинирано дете на возраст до четири години од Скопје. Случајот е лабораториски потврден. Заклучно со 1 ноември во државава се регистрирани 1.901 случај на мали сипаници со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители. Сé уште е во тек епидемија на мали сипаници, стои во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

05 Ноември 2019 - 13:21

Министерството за здравство соопшти дека се спроведуваат мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка.

05 Ноември 2019 - 12:28

Овогодишната организација на меѓународениот натпревар за знаење Owlypia 2019 ќе се одржи во просториите на ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.

05 Ноември 2019 - 06:56

Штрајкот што за 6-ти овој месец го најави Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина е ставен во митување, откако денеска на средба со претставници од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување било договорено предлозите на здружението за промена на моделот на финансирање во примарната стоматологија да се стават на расправа.

04 Ноември 2019 - 22:41

Денеска, во Клиничката болница Битола, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и директорот на Клиничка болница Битола д-р Зоран Лазаров, го пуштија во употреба новиот дигитален мамограф.

04 Ноември 2019 - 12:48

Денешната средба во Владата за усогласување на ставовите за новото зголемување на платите на наставниците меѓу министерот Арбер Адеми и претседателот на Синдикатот Јаким Неделков завршила со напредок, но не и конечна одлука. Средбите ќе продолжат идната недела и тие очекуваат дека тогаш ќе имаат и договор.

01 Ноември 2019 - 14:41

Владата има намера следната недела да го усвои буџетот за 2020 година и е многу блиску до постигнување на решение со СОНК за покачување на платите во образованието, најави премиерот Зоран Заев. Министерството за финансии, како што рече тој, преговара за буџетот со сите други буџетски корисници.

01 Ноември 2019 - 12:27

Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска ќе одржат нова средба во врска со барањата на овој синдикат за зголемување на платите на наставниот кадар, а на средбата ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.

01 Ноември 2019 - 08:47

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на собраниската седница посветена на пратенички прашања истакна дека во изминативе две години издадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи и одобрени се повеќе од 900 специјализации за четири годишниот период.

31 Октомври 2019 - 21:11

Шест студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје, од денеска се нови стипендисти на најголемите електро-енергетски компании во земјава – АД ЕСМ, ЕВН Македонија АД Скопје и АД МЕПСО.

31 Октомври 2019 - 16:44

Ако генерално не се смени политиката на вработување, финансирање и плати во високото образование, овој сектор ќе престане да биде примамлив за добрите, воопшто за вработување и тоа е причината за деградацијата на образованието, предупредува Независниот академски синдикат (НАкС).

30 Октомври 2019 - 20:45

За осум денари се зголемува вредноста на капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, беше истакнато на прес-конференција во Владата на премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани.

30 Октомври 2019 - 19:56

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе