Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје

Студентскиот парламент бара итно повлекување на законот за јазици

Студентски парламент на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј" Скопје испрати писмо во кое бара повлекување на законот за јазици и ги повикуваат народните пратеници да носат закони во согласност со Уставот, бидејќи, како што велат нивното индирекно право на глас е овозможено преку пратениците кои би требало да ги штитат нивните интереси.

„Чувствуваме одговорност да упатиме јавно писмо до вас во врска со неодамнешното гласање на Законот за употреба на јазиците. Бидејќи нашето индиректно право на глас, овозможено преку пратениците како наши претставници кои би требало да ги штитат нашите интереси ни е скратено, ни останува само да дадеме мислење и дa покренеме иницијатива. Ги повикуваме народните пратеници да носат закони во согласност со Уставот. Владеењето на правото мора да биде главен епитет во нивното работење, а не шверцерски со знаменце на Европска Унија да се носат антиевропски закони кои ја нарушуваат меѓуетничката хармонија, го суспендираат Уставот и ги рушат основните белези на државата", се вели во писмото.

Од Студентскиот парламнет додаваат:

„Студентскиот парламент на УКИМ бара најитно повлекување на Законот за употреба на јазиците и во целост ги споделува и поддржува ставовите и аргументите од отвореното писмо до пратениците кое го упатија проф. Др. Гордана Слијановска, акад. Проф. Д-р Катица Ќулафкова и проф. Д-р Симона Груевска –Маџовска. Овој закон нема врска со евроинтреграцијата на РМ, ниту значи хармонизација со правото на ЕУ. Овој закон не е приоритетен. Овој закон не е дел од Рамковниот договор, ниту е во неговиот дух. Овој закон не е конкретизација на амандманот V од Уставот на Република Македонија. Впрочем, правото на едниот завршува онаму каде што започнува правото на другиот. Законот за употреба на Македонскиот јазик налага, меѓу другото и негова заштита. Во член 2 од Законот за употреба на македонски јазик е утврдено дека: Македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење на Републиката", велат од Студентскиот парламент.

Од таму прашуваат дали вака се негува, чува и заштитува посебното културно и историско значење на Републиката и нашето духовно богатство?

„Член 6 од законот за употреба на македонски јазик ви го дава одговорот на нашето прашање т.е. заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик опфаќаато собено: нагласена грижа за употреба на македонскиот јазик во процесот на образованието и воспитанието, избегнување на употреба на странски изрази и заемки (а најмалку воведување на втор национален јазик на исто рамниште како македонскиот). Овој закон е противуставен, директно ја нарушува унитарноста на Р. Македонија, целосно го суспендира Законот за употреба на македонски јазик и најдиректно го урива статусот на Македонскиот јазик како основа на меѓусебното разбирање. Од тие причини: Го повикуваме Претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов во име на неговата функција како претседател на оваа држава, но и како почитуван професор на Правниот факултет на УКИМ, да ги заштитува и брани националните интереси и суверенитетот на Република Македонија и да го употреби правото на ВЕТО за овој закон", завршуваат од таму.

 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе