Најава

Наставниците догодина со поголеми плати, ќе се ревидираат невистинитите факти во учебниците

Буџетот за образованието во 2018 година ќе изнесува вкупно 25,28 милијарди денари или 406,55 милиони евра, што е пет отсто повеќе од 2017, соопшти на прес-конференција министерката за образование и наука, Рената Дескоска.

Таа информираше дека за основното образование се предвидени 45 проценти од буџетот, за високото се 26 отсто, 19 отсто за средно, шест отсто се наменети за ученички и студентски стандард, два отсто се предвидени за наука, а 1,8 отсто за администрација.

Догодина, како што најави Дескоска, ќе бидат значително зголемени средствата за блок-дотации за општините со цел подобрување на условите во училиштата и за таа намена се проектирани 600 милиони денари повеќе од годинашниот Буџет, односно 4,62 отсто.

Министерката најави и зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование за пет отсто.

Одговарајќи на новинарски праша, Дескоска рече дека со законска ревизија ќе бидат

опфатени сите учебници во кои се нотирани грешки, невистинити факти, дискриминаторски содржини и говор на омраза, предрасуди и стереотипи.

„Ревизијата нема да биде ревизија на факти, туку на невистинити факти. Некои работи што се случиле, ниту јас, ниту кој било друг не може да ги бриши од историјата“, изјави таа.

На прашањето дали МНР побарало од МОН формирање заедничка комисија со Грција за евентуална ревизија на учебниците, Дескоска изјави дека во нејзиниот мандат тоа не се случило, а дали претходно имало такво нешто, не знае.

Во врска со Кембриџ системот, министерката соопшти дека не може да се каже дали тој ќе биде исфрлен од прво одделение.

Најавувајќи зголемувања на блокот-дотации во општините, министерката рече дека ќе има нови вработувања на наставнички кадар во основните и средните школи. Според неа, долг што се таложел 10 години, не може да се врати за една година, но МОН ќе прави обиди да го одложи плаќањето.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе