Како би се справиле со можен случај на заболен во Македонија

Зошто термо камери има само на скопскиот аеродром? Зошто немаме реагенси за откривање на коронавирусот?

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сме целосно подготвени да се справиме целосно со можни заболени од коронавирусот, а негови колеги лекари брифираат дека сѐ уште немаме реагенси за откривање на овој вирус, по клиниките нема протоколи за тоа како ќе се постапува во случај на откриен заболен од коронавирусот, дали веќе има изолирани одделенија каде што би се сместувале заболените од овој вирус... Зошто контрола на патниците со термо камери се врши само на скопскиот аеродром? Што е со другите гранични премини?

И покрај тоа што македонските власти упорно информираат дека сме подготвени во случај на откривање на заболен од коронавирусот, бројни се прашањата на кои здравствените власти и пограничните служби немаат одговор.

Засега мерките за сузбивање на ширење на вирусот со термо камери се применуваат само на скопскиот аеродром. Што се со аеродромот во Охрид? Што е со граничните премини Блаце, Богородица, Деве Баир...? Патници кои доаѓаат од Кина може да допатуваат и на некој од аеродромите во соседството и со возило да влезат во Македонија.

Вработени во Клиниката за инфективни болести велат дека нема никакви подготовки за карантин каде што би се сместувале пациентите. Набавката на реагенси за откривање на овој вирус е во тек.

Наспроти сите овие отворени прашања ја имаме изјавата на министерот Филипче од пред два дена: „Точно се знае што ќе се прави со секој сомнителен патник кој ќе стигне на Меѓународниот аеродром - Скопје. Доколку има пациенти кои имаат одредени симптоми на коронавирусот постои јасно одреден алгоритам како се постапува со изолација, со мониторирање... Патниците кои доаѓаат од Кина и немаат симптоми се упатуваат на домашен мониторинг во период од две недели колку што трае инкубацијата и ќе добијат телефони од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Скопје, Институтот за јавно здравје на кои ќе може да се јават за да ги контактираат лекарите со цел да не бараат здравствена помош во институциите, за да се спречи евентуално ширење на заразата. Нема ризик за голем број заболени од коронавирусот, но го подготвивме целокупниот здравствен систем, Целосно сме подготвени да се справиме со овој предизвик, иако ќе повторам далеку сме од тој ризик“.

Освен во Кина и околните земји, коронавирусот е веќе детектиран и на европско тло.

А.Д.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе