Во насока на подобрување на женското здравје

Жената е на прво место во општеството, го почитуваме нејзиното право на интегритет, вели Филипче

Жената е на прво место во општеството, го почитуваме нејзиното право и интегритет, се грижиме за секоја мајка и сопруга, напиша на својот профил на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче, набројувајќи четири чекори на власта во насока на подобрување на женското здравје, како и нејзиното право на избор.

Тој посочи дека со новиот Закон за прекинување на бременоста укинати се сите административни бариери кои ја одложуваа таа постапка.

„Започнувајќи од 2019 година, во континуитет е достапна најсовремена биолошка терапија за сите жени со рак на дојка. Услугата за овие пациенти вклучува и психолошка поддршка која им служи како алатка за поддршка при лекувањето. Во текот на целата пандемијата непречено се спроведуваа мамографските скрининзи. Во 2018 година започнаа со работа три центри за упатување на жртви од сексуално насилство во Скопје, Куманово и Тетово со поддршка од УНДП и УНФПА во соработка со ХЕРА. Преку нив, обезбедивме поддршка и заштита за жртвите од родово насилство“, напиша Филипче на Фејсбук.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе