Согледување на Министерството за образование

Зголемен бројот на ученици кои следат онлајн настава

Mинистерството за образование и наука информира дека од почетокот на учебната година до денес бројот на ученици кои следат настава од далечина е зголемен за 17 проценти, односно сега изнесува околу 87 отсто од учениците кои успешно ја следат онлајн наставата.

Благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал. Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн наставата.

МОН апелира до наставниците и учениците коишто се со физичко присуство, доследно да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста.

Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, велат од Министерството и апелираат на важноста од одговорно однесување од што ќе зависи продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе