Министерство за здравство

Зголемен бројот на оздравени, а намален на починати од ковид-19, најмал е бројот на новозаболени деца

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, кој што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела.

„Во периодот 6-12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица – 1017 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40% повеќе од претходната недела на известување (29 јуни – 5 јули).
Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40% на неделно ниво. Ова е важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на бројот на активни случаи.

Во дадениот период направени се вкупно 9995 тестирања (1573 повеќе од периодот 29 јуни – 5 јули) и регистрирани се 1073 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 156 случаи повеќе од претходната недела. Споредбено, процентот на позитивни од тестирани случаи е благо намален, 10,7% позитивни од тестирани за периодот 6-12 јули, наспроти 10,9% за претходната недела. Во последните четири недели процентот на позитивни случаи од тестирани на неделно ниво бележи пад.

Новозаболени се регистрирани во 26 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (42.3%) и во Тетово (8,9%). Во 16 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,8%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,1%, потоа кај лица од 50-59 години – 19,3% и помеѓу 40–49 години – 18,8%.

Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 3.7%, и од 10-19 години – 3,3 % од вкупниот број на новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 % што претставува намалување за 2% во однос на претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2% регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за 2% повеќе од претходната недела.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6% имале контакт со потврден случај на ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 69,4%. 35 од случаите се починати во болнички услови, а 1 вон болнички.

Кај 29 од смртните случаи (80,6%) регистрирани се претходни коморбидитети. Во последните три недели константно се намалува бројот на смртни исходи на ковид-19.

На 12 јули 2020 година, според извештаите од болниците КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар, хоспитализирани биле 350 лица позитивни на Ковид-19, од кои 118 се на кислородна поддршка, а 4 на механичка вентилација", информираат од МЗ.

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека во периодот 6-12 јули регистрирани се рекорден број, односно 1.017 оздравени лица, што е за 404 или 40% повеќе од периодот од 19 јуни до 5 јули. 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе