Болничките капацитети брзо се пополнуваат

Зголемен број пациенти во болниците - отворени нови ковид центри

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 995 пациенти и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани уште 55 пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 406 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 28 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември" имало четири примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 166 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември" има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има пет хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 76 слободни места.

Во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 95 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе