Реакција

Земон: Државните органи треба да го решат мегаскандалот во универзитетот „Св. апостол Павле“ во Охрид

Jалов e обидoт на ВМРО- ДПМНЕ со преку 200 амандмани да го скрие корупцискиот мегаскандал и организиран криминал во охридскиот универзитет „Св. апостол Павле“. Ова е дел на тековната стратегија на ВМРО- ДПМНЕ да се попречи расчистувањето со криминалот за време на нивниот режим, изјави денеска пратеникот Рубин Земон.

Тој и група пратеници поднесоа предлог измени на законот за основање на овој универезитет, основан од Собранието. Земон потсети на повеќегодишното незаконско функционирање на Универзитетот, констатирано на повеќе пати од Државниот просветен инспекторат и од овластениот државен ревизор.

Со овој предлог закон се предивидува во охридскиот универзитет да се основаат потребните единици за да се исполнат законски услови за законско функционирање на еден универзитет, меѓу кои покрај Факултетот за информатички науки и технологии, треба да се основаат уште и факултет за заштита на животната средина, факултет за општествени и хуманистички науки, факултет за применети уметности и институт за напредни истражувања за управување со животната средина и културното наследство.

„Текстот на предлог законот беше усогласен и со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а по барање на студентите беше организирана и јавната расправа во Собранието одржана на 31 јануари. На јавната расправа угледни стручни и компетентни лица се признесоа дека ваквиот предлог закон е повеќе од неопходен за да се спаси Универзитетот, како и тоа дека отворањето на вакви нови студии се неопходни за Охрид и за југозападниот регион, имајќи ги предвид и забелешките на УНЕСКО, но и развојот на економијата и туризмот. Предлог законот е квалитетен, соодветен и одржлив одговор на забелешките на УНЕСКО, кон заштитата на природното и културното светско добро на Охридскиот регион.      Опасноста од затворање на Универзитетот во Охрид е поради тоа што според Законот за високо образование, бројот на вработени доктори на науки по информатика е далеку под потребниот број за функционирање на факултетските единици по информатички науки, голем број на ангажирани професори се со ненострифицирани дипломи, меѓу кои и т.н. ректор кој речиси 9 години ректорува без соодветна нострифицирана диплома за завршени докторски студии. Поради ваквата неодржлива состојба универзитетот нема законски основи да добие реакредитација за работа“, изјави денеска пратеникот од коалицијата на СДСМ Рубин Земон.

Тој ги повика јавното обвинителство, како и Државната комисија за спречување на корупцијата, но и сите овластени државни органи ургентно и соодветно да го процесуираат овој мегаскандал, што ги надминува академските рамки, што ќе биде и наш придонес кон успешното почнување на преговорите за зачленување во ЕУ.

„ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го блокира донесувањето на предлог законот за Универзитетот „Св. апостол Павле“ со преку 200 небулозни амадмани на текстот од законот претходно веќе усогласен. Врз основа на добиена директива во „5 до 12“, тие застанаа на страната да го бранат и кријат криминалот, застанаа против развојот на Охрид во респектабилен универзитетски град, застанаа против одржливата заштита на животната средина, како и против унапредувањето на заштитата на културното наследство“, рече Земон.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе