Сметаат дека се дискриминирани

Родители поддржани од Здружението „Здравје со игла не влегува“ бара враќање на децата во градинките

Група родители, поддржани од здружението „Здравје со игла не влегува“, смета дека децата од предшколска возраст кои не се вакцинирани со ММР вакцината се дискриминирани и бара тие да се вратат во градинките.  

Родителите на овие деца велат дека Министерството за здравство, предводено од министерот Венко Филипче во изминатите четири месеци презема незаконски мерки и тргнале во правна разрешница на овој, како што го нарекуваат, невиден скандал до сега. Родителите и Здружението сметаат дека без законска поткрепа, само врз основа на, според нив, нечие самоволие, децата кои не се вакцинирани со ММР вакцината се исклучени од градинките и со тоа се оштетени не само децата, на кои им е ускратено уставното право да бидат предучилишно згрижени иако се уредно запишани во градинките, туку финансиски се оштетени и родителите кои се принудени да го плаќаат престојот во градинка иако истиот им е забранет.

„Емотивната, развојната и образовната штета која им е нанесена на децата, како и дискриминацијата базирана на здравствениот статус кој се воведе на најдрзок и најбезобразен начин од страна на Министерството за здравство во спрега со Државниот санитарен инспекторат, нема да останат неказнети. Сите послушници кои не водејќи сметка за законите во државата, туку слепо исполнувајќи ги желбите на одредени моќници, исто така ќе одговараат. Ова е само првиот чекор во правната борба која ја започнаа родителите, борба која се спремни да ја водат и пред судот во Стразбур доколку нашите судови се оглушат на кршењето на законите. Следен чекор во најава се тужби за сите училишта кои дозволија повреда на тајноста на личните податоци и кои дозволија во нивните простории да се спроведува вакцинација, иако законите стриктно го забрануваат истото и за што се предвидени високи казни. Здружението ‘Здравје со игла не влегува‘ ги собира и сите потресни сведоштва на децата и родителите оштетени од кршењето на законите во државата и несовесноста во практикувањето на медицината кај нас. Ја информираме јавноста дека сите кои на кој било начин ги прекршиле законите и постапувале несовесно кон здравјето и животот на децата ќе излезат пред суд и ќе бидат јавно експонирани, сѐ со цел, овие негативни практики никогаш да не се повторат. Адвокатската канцеларија која ги застапува родителите до Јавното обвинителство веќе поднесе тужби против сите јавни институции и поединци кои се дрзнаа да ги прекршат законите на штета на граѓаните“, објаснуваат и засегнатите родители и од здружението „Здравје со игла не влегува“.

Претходно Здружението упати Отворено писмо до министерот за здравство Венко Филипче во врска со прогласената епидемија на морбили и му поставија неколку прашања поврзани со вакцинирање во тек на епидемија, извори и преносители на зараза, увид во спорните вакцини, доказ за правилен транспорт и чување на вакцините, за ефикасноста и безбедноста на вакцините, за присилната вакцинација и за прашањето за информирана согласност.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе