Министерот уверува дека нема да има недостиг на енергија во болниците

Здравството ќе функционира, ќе штедиме на ноќно осветлување на објектите, вели Сали

Здравството ќе функционира како што функционира и во изминативе 30 години и нема да се соочиме воопшто со недостиг на електрична или пак топлинска енергија, изјави министерот за здравство, Беким Сали. 

Во одговор на новинарско прашање на денешното примопредавање на донација од Исламик Релиф на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, министерот Сали информираше дека пред две недели е пуштен допис до сите јавни здравствени установи да се погрижат за минималната заштеда на електрична енергија.

„Доколку успееме да заштедиме до пет проценти, не во виталниот дел, туку во деловите што се поддршка, како на пример ноќно осветлување на објектите, парковите ќе оствариме минимална заштеда во целосниот систем“, изјави министерот.

Директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ изјави дека очекува да добијат доволно средства од Фондот за здравство и очекува помош од сите институции.

„Се чувствувам обврзано да преговарам со Фондот за здравство, за да можеме да добиеме дополнителни средства. На помош треба да излезат сите институции, затоа што се работи за пациенти, за нивниот живот. Клиниката е во долгови, сметките за струја се општи со сите интерни клиники, така што не ја знаеме точната сума за нашата клиника, бидејќи се делат процентуално заедничките трошоци“, додаде д-р Докиќ.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе