„Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците“, истакна Сали.
Еден од индикаторите, како што кажа, е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат и оти според таа состојба, ние се уште не сме подготвени за намалување на мерките. Министерот додаде дека дел од ковид – центрите во државата се затворени и нема потреба од дополнителни кревети.
Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени се 2.635 тестови регистрирани се 277 нови случаи со ковид-19, од кои 44 реинфекции, осум починати и 132 оздравени пациенти.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а на активни случаи изнесува 2.178 од кои најголем број 1.230 се во Скопје.