Засега е рано за задолжителна вакцинација, вели Филипче

Засега нема да биде задолжителна вакцинацијата на здравствените работници против ковид-19, ниту Владата ја донесе мерката за вработените во јавниот сектор за одење на работа да имаат или барем една доза вакцина, или ПЦР-тест не постар од 72 часа. Министерот за здравство Венко Филипче очекува апелите за имунизација да имаат ефект и да го зголемат опфатот со вакцинација, а во тој контекст, очекува ефекти од стимулативната мерка за матичните лекари кои имаат висок процент имунизирани пациенти да добиваат 30 денари за секој пациент.

„Матичните лекари први имаат контакт. Инаку финансискиот надоместок е еднократен и на матичните лекари ќе им се исплати на почетокот на летото. Со оглед на тоа дека еден матичен лекар може да има најмногу 2.500 пациенти, а во просек се 1.000, тоа не се пари за занемарување. Ова е битно за државата, има различни степени на опфат кај матичните“, додаде Филипче.

Тој ги повика матичните лекари уште сега да почнат да ги повикуваат своите пациенти да се вакцинираат. Во некои градови има матични лекари чии пациенти веќе во 70 отсто се вакцинирани.

Во однос на носењето нови мерки за заштита од коронавирусот, Филипче вели дека „карантеризирање, сега во ситуација кога имаме близу 50 проценти опфат, не треба да е опција, но не знаеме што може да се случи“.

Засега рестрикциите со забрана за одење на работа без вакцина за државните службеници, нема да се спроведе, зашто отвора прашања од типот како би се казниле тие што нема да се вакцинираат, но и прашања за финансискиот товар .

„Ќе оставиме време, да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Сметам дека дополнителна мерка, во смисла на форма оваа вакцина да биде задолжителна, а согласно примерите кои ги даваат и другите земји, не е исклучена. Додека тоа се осмисли и провери каков резултат ќе дадат. Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација. Засега останува вака кај нас“, рече Филипче.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе