По пожарот во тетовската модуларна ковид-болница

Заседава кризниот штаб во Тетово, бројот на загинати лица не е соопштен

Заседава Кризниот штаб во Тетово, на кој состанок присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за здравство и заменик министерот Венко Филипче и Илир Хасани, градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вицепремиерите Артан Груби, Љупчо Николовски, Фатмир Битиќи и други лица. Засега нема официјална информација колку лица го загубиле животот, а дека има починати веќе потврдија министерот Филипче и заменик -  командирот на противпожарната бригада.

Засега нема официјална информација колку лица го загубиле животот во страотниот пожар што ја зафати модуларната ковид - болница во Тетово, но министгерот за здравство Филипче претходно изјави дека станува збор за голема несреќа и дека има починати лица.

И заменик командирот на противпожарната бригада од Тетово во изјава за медиумите потврди дека има починати, но не можеше да каже за колкав број станува збор.

Неофицијално, има починати и повредени лица меѓу болните, но и меѓу медицински лица и други вработени.

Инаку, огнот многу брзо се проширил, дури и експлозивно, што можеби упатува на фактот дека бил потпомогнат од кислородната инсталација, потребна за ковид - пациентите. 

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе