Суспектен на јужноафриканскиот сој

Заразениот војник од Африка со медицинска евакуација вечерва ќе виде донесен во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја потврди информацијата дека доцна вечерва македонско воено лице, потполковник на Армијата којшто учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, ќе биде донесен на лекување од оваа африканска земја на Инфективната клиника во Скопје.

Станува збор за воено лице кое минатата недела било тестирано на ковид-19, и по препораки на медицинските експерти од мисијата, тој со медицинска евакуација во соработка со европските служби за надворешни односи, ќе биде префрлен на лекување во Скопје.

„Еден од нашите припадници на Армијата потполковник кој учествува во европската мировната мисија во Централноафриканската Република минатата недела доби позитивен тест на ковид-19 и бидејќи состојбата од страна на медицинските експерти не беше согледана како целосно под контрола, по нивна препорака тој со медицинска евакуација ќе биде донесе вечерва во Скопје“, истакна Шекеринска.

Евакуацијата, како што рече, е направена во соработка со европските служби за надворешни односи.  Потполковникот е во добра состојба, а шекероинска контактирала и со неговото семејство и очекува се да помине во најдобар ред.

„Сакам да ве уверам дека одлуката ја донесовме релативно брзо, меѓутоа она што е најважно е дека имавме одлична соработка и со нашите здравствени власти и со европските институции. Очекувам веднаш по овој медицински транспорт кој не е едноставен нашиот колега, потполковникот веднаш да биде испратен на Инфективната клиника за да се следи состојбата. Клучната причина зошто се одлучивме сепак за евакуацеија е фактот дека во ЦАР во рамките на ЕУ мисијата исклучиво функционира ROLE 2 болница, која нема шанси да пружи целосна помош доколку неговата состојба се влошеше. И рековме подобро да спречиме отколку да се занимаваме со последиците“ изјави Шекеринска.

Потполковникот е суспектен на јужноафриканскиот сој на корона вирусот, којшто пак во земјава досега не е забележан, но искуствата од останатите земји покажуваат дека се шири побрзо и полесно од другите соеви.

 

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе