Започна новата академска 2020-21 година на Универзитетот на Југоисточна Европа

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес започнаа редовните предавања за новата академска 2020-21 година за студентитe од сите циклуси на студии, информираат од високообразовната установа.

Универзитетот, како што се најави, спроведува комбиниран (хибриден) наставен процес односно има  директна настава со студенти кои се присутни на часот (според соодветните распореди), додека студентите кои не се присутни можат да присуствуваат на предавањата онлајн преку камери инсталирани во секоја училница.

„Новата академска 2020/2021 година ја започнуваме во услови на пандемијата Ковид-19, како никогаш досега, година полна со здравствени предизвици, но и тестови за справување и внимателно управување со состојбата. Свесни за опасностите, институционално направивме максимални подготовки за строго спроведување на сите препораки за хигиенска и за лична заштита во текот на периодот на пандемија“, истакна ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети.

За да не се загрози здравјето на студентите и вработените, за прв пат за студентите од прва година, не се организираше традиционален прием, но за сите е упатени порака за добредојде преку интернет.

„Со специјална порака, ректорот Беџети им се обрати на сите студенти и вработени на Универзитетот, од кои бара строго почитување на здравствените препораки и протоколи и истовремено им честита за посветеноста и прилагодувањето на новите околности“, информираат од УЈИЕ.

Преку нивните електронски адреси и преку сите медиуми на Универзитетот, вклучувајќи ја веб-страницата, социјалните мрежи и официјалниот канал на Универзитетот на Јутјуб, на сите студенти од прва година им беше испратена видео порака од ректорот, деканот на релевантниот факултет и советниците на студентите со конкретни упатства за почеток на академската година.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе