четврток, 28 март 2024

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска им нареди на полициските началници да распоредат безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во СМС порака до полициските началници, Дарманин напиша дека „многу високото“ ниво на терористичка закана и „континуираната тензија“ на меѓународната сцена, особено со војната во Газа и нападот во Москва, „бара исклучителна будност“ за време на Велигденските празници овој викенд.

Тој исто така додаде дека е неопходно да се воспостави „визуелна контрола на луѓето кои влегуваат во верските објекти за да се откријат сомнителни лица“ и дека „посебно внимание треба да се посвети на „возилата стационирани во близина на големите собири“.

Дарманин дал инструкции за „зголемено физичко присуство на безбедносните сили пред секоја црква или храм“ од петок до крајот на неделата.

Од почетокот на годината во Франција се спречени два напади. Националното обвинителство за тероризам објави дека во еден од нападите се работело за „џихадистичка идеологија“ насочена против католичката институција.

Велигден, со кој се слави Христовото воскресение, е најголемиот христијански празник. Католиците и протестантите го слават овој викенд, а православните верници на 5 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ